Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот. Тој, според нашите информации, имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот кога и го загубил животот.
И младиот музичар, тапанарот Ѓорѓи Горгиев од Струмица го загуби животот во трагичниот пожар што избувна рано утринава во дискотека во Кочани. Сѐ уште се трага по вонр.проф.м-р од Факултетот за музички уметности, Сара Пројковска, која е пратечки вокал во ДНК. Сепак, пристигна кобата вест дека и таа е меѓу починатите.
На својот профил на Инстаграм, Андреј Ѓорѓиески со гордост го најави настапот на ДНК во Кочани вчера. Андреј е роден 9 февруари 1982 година.
Вака се прости од него пеачката Антонија Гиговска споделувајќи ја песната „Ако утре ме нема“.
Според последните информации од МВР, животот во дискотеката „Пулс“ го загубија 59 луѓе, откако поради пиротехнички средства, се запали дел од опремата на таванот, а потоа дел од таванот се срушил врз присутните. Голем број луѓе загинаа и во стампедото што се создало при обидите за бегство.
Забавата во дискотеката била во полн ек кога избувнал пожарот, а ДНК ја пееле песната „Кога те нема“.
Пејачите прво повикаа за противпожарен аарат, а потоа ја повикаа публиката да излезе надвор. Стампедото за излез од огнениот простор беше кобно за многумина.