Санита – Сани Вилијамс и Бери – Буч Вилмор официјално се дома. Американските астронаути безбедно се вратија на Земјата, сношти – на 18 март, по продолжениот деветмесечен престој во Вселената. Нивното патување назад доаѓа откако заедничка екипа на НАСА и „Спејс-Икс“ однесе четворица нови астронаути – две жени од Соединетите Американски Држави, и по еден космонаут од Јапонија и Русија, на Меѓународната вселенска станица на 16 март, за да ги заменат двајцата што заминуваа.
Сани (59) и Буч (62) се качија на капсулата „Драгон“ (Dragon), и ракетата „Кру-10“ (Crew Dragon) на „Спејс-Икс“ (SpaceX), заедно со другиот астронаут на НАСА Ник Хејг и рускиот космонаут Александар Горбунов, и слетаа во водата близу брегот на Флорида, по нивното 17-часовно патување.

Вилмор и Вилијамс отидоа на МВС лани во јуни – како прв екипаж на вселенското летало „Боинг старлајнер“, и како дел од првично предвидената осумдневна пробна мисија. Но, поради технички проблеми со нивното вселенско летало, нивната мисија на МВС беше продолжена и тие останаа таму девет месеци. Следат медицински прегледи пред на вратените космонаути да им биде дозволено да се вратат и кај своите семејства.

Двајцата астронаути беа на Меѓународната вселенска станица (ISS) од јуни, откако Boeing Starliner имаше проблеми со системот за погон и се сметаше дека не е погодна за лет назад на Земјата, што доведе до повеќе одложувања на враќањето. Поради тоа, НАСА донесе одлука да ги врати на Земјата со капсула на SpaceX во рамките на редовната ротација на екипажот.
Watch Dragon depart the @Space_Station and return to Earth with the Crew-9 astronauts → https://t.co/ZZEmGU8Aar https://t.co/kWcj6rvu1V
— SpaceX (@SpaceX) March 18, 2025
По слетувањето, астронаутите беа пренесени во Центарот за вселенски летови Џонсон во Хјустон на неколку дена, каде ќе поминат медицински прегледи пред да им биде дозволено да се вратат на своите семејства.
Долгиот престој во вселената може да влијае на човечкото тело и да остави последици, вклучувајќи атрофија на мускулите и можни проблеми со видот.
Вилмор и Вилијамс ќе забележат 286 дена во вселената – повеќе од просечното шестмесечно траење на мисијата на ISS, но далеку помалку од американскиот рекордер Франк Руби. Вилијамс, завршувајќи го својот трет вселенски лет, ќе има 608 кумулативни дена во вселената, што е втор најголем број за некој американски астронаут, по 675 дена на Пеги Витсон. Рускиот космонаут Олег Кононенко постави светски рекорд минатата година со 878 кумулативни дена.