понеделник, 30, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Почина еден од најголемите во боксот, Џорџ Форман

Познат беше по неговиот страшен удар во рингот и скромноста надвор од него, но и по вечното ривалство со Мохамед Али

март 22, 2025
in СПОРТ
Почина еден од најголемите во боксот, Џорџ Форман
0
SHARES
43
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Двократниот светски шампион во бокс во тешка категорија и олимписки шампион Џорџ Форман почина во петокот на 76-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Познат беше по неговиот страшен удар во рингот и скромноста надвор од него. Форман починал мирно, опкружен со членови на семејството.

Related posts

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025
Методија Ичев од Богданци истрча  маратонот на Олимп од 44 km

Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

јуни 30, 2025

Роден и израснат во сиромашниот дел на Хјустон, Џорџ Форман се издигна од скромните почетоци и стана едно од најпочитуваните имиња во спортската историја.

Тој го привлече вниманието на себе со освојувањето на златниот медал на Олимпијадата во Мексико Сити во 1968 година. Стана професионалец една година подоцна и доминираше во спортот во следните пет. Ги доби своите први 40 натпревари. Форман ја освои титулата светски шампион во тешка категорија во 1973 година со славната победа над Џо Фрејзиер, кого го нокаутираше во втората рунда.

Потоа успешно ја одбрани титулата во два меча, но во третиот беше поразен од Мохамед во боксерската класика „Rumble in the Jungle“ во Киншаса во 1974 година, Форман беше голем фаворит, но Али, користејќи ја неговата позната тактика иако беше инфериорен до тогаш, го нокаутираше противникот во осмата рунда.

Форман потоа се сврте кон религијата, се пензионираше, стана свештеник и отвори младински центар во Хјустон. Тој се врати на боксот една деценија подоцна и во едно од најпознатите враќање на спортската сцена, на 45-годишна возраст, стана најстариот светски шампион во историјата со победата над Мајкл Мурер во 1994 година.

Во кариерата имаше 81 професионална борба и победи на 76, од кои 68 беа со нокаут.

По боксот, тој создаде деловна империја. Неговите електрични скари „George Foreman Grill“, се продадени во повеќе од 100 милиони единици.

Тој ја збогати својата деловна империја пишувајќи неколку книги, снимајќи реклами и држејќи мотивациони говори, а беше познат и како голем хуманитарец.

Во 2023 година, неговиот извонреден живот беше прикажан во биографскиот филм „Големиот Џорџ Форман“.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

ОЈО Гевгелија – Истрага за трговија со дрога против три лица

Next Post

ВИДЕО: Одржан мирен граѓански протест во Кочани

Next Post
ВИДЕО: Одржан мирен граѓански протест во Кочани

ВИДЕО: Одржан мирен граѓански протест во Кочани

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Орце Камчев на црната листа на САД

Орце Камчев на црната листа на САД

2 години ago
Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

1 месец ago
Елизабета Стефановска од СДСМ, Сашко Јанчев од Левица – се првите познати кандидати за пратеници од Гевгелија

Елизабета Стефановска од СДСМ, Сашко Јанчев од Левица – се првите познати кандидати за пратеници од Гевгелија

1 година ago
ВИДЕО: Д-р Драган Иванов „Сонцето не’ прави среќни“

ВИДЕО: Д-р Драган Иванов „Сонцето не’ прави среќни“

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија
  • Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“
  • Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025
Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

јуни 30, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist