Националниот џез оркестар со целовечерен концерт во Гевгелија вечерва го означи официјалниот старт на манифестацијата ,,Гевгелија град на културата 2025″.
Гевгеличани уживаа во светски и македонски музички евергрини во изведба на Биг-бендот на Националниот џез оркестар, под диригентската палка на Џијан Емин, што е ретка културна можност за локалната публика.
Манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ е поддржана од Министерството за култура и туризам на Македонија. Истата на сцените во Гевгелија ќе донесе преку 140 културни настани што ќе значи богата културна понуда за локалните жители, за гостите, за туристичките посетители на градот на југот, во текот на целата година.