Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија е гордо што при крајот на учебната година можат да салдираат резултати од своите ученици. Последните достигнувања се на учениците, членови на училишниот хор, училишниот оркестар и солист кои станаа доботници на ТРИ високи награди на Регионалните хорски и оркестарски натпревари и натпревари за вокална интерпретација – солист, на ниво на цела држава.
Заокружувајќи ги достигнувањата на своите ученици во областа на музичката уметност, горди се на постигнатото:
1. Прва награда – Вокална интерпретација – Ана Димитрова – IX Одд;
2. Втора награда – Училишен Оркестар и
3. Трета награда – Училишен хор
Овој истакнат и награден труд е заложба на наставникот по музичко образование Горан Лазаров кој е воедно и ментор кој раководи со училишниот хор и оркестар и вокалните солистички изведби на истакнати ученици по предметот музика.


Честитки за постигнатото!
Наши деца, наши ученици – ТРОЈНО НАГРАДЕНИ, РЕГИОНАЛНИ прваци и носители на вредни награди ПРВО, ВТОРО и ТРЕТО место во конкуренција на училишта од сите региони во државата.
Браво!
