понеделник, 12, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home БАЛКАН

ИЗГОР летни цени за туристите во Грција – воведен нов Данок на престој

Новиот „Данокот за престој“ во Грција се движи од 2 до 20 евра на ден, во зависност од сместувањето каде престојува туристот/те, a ќе се наплатува по соба или сместувачка единица, без разлика на бројот на лица кои престојуваат

мај 12, 2025
in БАЛКАН
ИЗГОР летни цени за туристите во Грција – воведен нов Данок на престој
0
SHARES
268
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Грчките власти воведоа дополнителен надоместок за престој, како дел од мерките за заштита на локалното културно наследство и инфраструктурата, која трпи под големиот притисок на масовниот туризам.

Како што информираат од грчките институции, данокот за престој ќе се наплатува во зависност од видот на сместувањето и времето од годината. Тој ќе биде повисок за време на главната туристичка сезона, а ќе се наплатува по соба или сместувачка единица, без разлика на бројот на лица кои престојуваат.

Related posts

Лела – Симбол на соживот и меѓуверска хармонија

Лела – Симбол на соживот и меѓуверска хармонија

април 16, 2025
ВИДЕО: Српските студенти тргнаа со велосипеди кон Стразбур

ВИДЕО: Српските студенти тргнаа со велосипеди кон Стразбур

април 3, 2025

Новина за ова лето е и воведувањето на дополнителен надоместок за патниците кои пристигнуваат со крстосувачки бродови на најпопуларните острови како Санторини и Миконос, каде што притисокот на туристите станал сериозен проблем. Само на Миконос, во еден ден во август минатата година, пристигнале 20.000 патници од осум крстосувачки бродови, што ја потврдува потребата од нов начин на управување со туристичките текови.

Собраните средства од новите давачки ќе бидат искористени за подобрување на одржливоста, обновување на инфраструктурата и решавање на еколошките проблеми на туристичките дестинации.

Иако цените на новите даноци варираат, важно е македонските туристи да бидат информирани дека овие надоместоци ќе се плаќаат директно на местото на престој или при пристигнување на одредени дестинации.

Колку ќе изнесуваат новите даноци во Грција?

Износот на данокот зависи од видот на сместување и времето од годината, а во текот на главната туристичка сезона, данокот се наплаќа по ноќ и ќе изнесува:

Хотели со 1-2 ѕвезди: 2 евра
Хотели со 3 ѕвезди: 5 евра
Хотели со 4 ѕвезди: 10 евра
Хотели со 5 ѕвезди: 15 евра

Апартмани, соби, апартмани (вклучувајќи Airbnb): 8 евра

Куќи и вили поголеми од 80 м²: 10 евра

Надвор од сезона (ноември – март), износите се значително пониски:

Хотели со 1-2 ѕвезди: 0,50 евра
Хотели со 3 ѕвезди: 1,50 евра
Хотели со 4 ѕвезди: 3 евра
Хотели со 5 ѕвезди: 4 евра
Апартмани и соби: 0,50 евра
Куќи и вили: 4 евра

Данокот се наплаќа по соба или сместувачка единица, а не по лице, што значи дека семејствата и поголемите групи можат да добијат подобра понуда.

Данок за патници од крстосувачки бродови

Новина е и надоместокот за патниците што пристигнуваат со крстосувачки брод, имено:

Санторини и Миконос: 20 евра по лице, на ден
Други острови и Атина: 5 евра по лице, на ден

ShareTweetShareSend
Previous Post

Наградени училишен хор, оркестар и солист од ООУ „К.Мисирков“ Гевгелија

Next Post

ПРВО место за екипата од Кочани на Регионалниот натпревар по прва помош одржан во Гевгелија

Next Post
ПРВО место за екипата од Кочани на Регионалниот натпревар по прва помош одржан во Гевгелија

ПРВО место за екипата од Кочани на Регионалниот натпревар по прва помош одржан во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

IN MEMORIAM: Почина актерката Катерина Крстева

IN MEMORIAM: Почина актерката Катерина Крстева

2 години ago
Приведен крадец од дојранско

Приведен крадец од дојранско

1 месец ago
Уапсени градоначалникот на Центар Тодоровиќ и 4 соработници

Уапсени градоначалникот на Центар Тодоровиќ и 4 соработници

2 години ago
Граѓански митинг на Стево Пендаровски во Гевгелија

Граѓански митинг на Стево Пендаровски во Гевгелија

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ПРВО место за екипата од Кочани на Регионалниот натпревар по прва помош одржан во Гевгелија
  • ИЗГОР летни цени за туристите во Грција – воведен нов Данок на престој
  • Наградени училишен хор, оркестар и солист од ООУ „К.Мисирков“ Гевгелија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ПРВО место за екипата од Кочани на Регионалниот натпревар по прва помош одржан во Гевгелија

ПРВО место за екипата од Кочани на Регионалниот натпревар по прва помош одржан во Гевгелија

мај 12, 2025
ИЗГОР летни цени за туристите во Грција – воведен нов Данок на престој

ИЗГОР летни цени за туристите во Грција – воведен нов Данок на престој

мај 12, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist