На Државниот турнир во кошарка (3х3) за Средни училишта момчиња и девојчиња кој се одржа вчера во Кавадарци, средношколскиот тим од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија го освои ВИЦЕШАМПИОНСКИОТ трофеј-пехар.
Учениците од средношколскиот тим годинава „војуваа“ на три фронта:
– Натпревари во Кошарка на Државно првенство – ВТОРО место 🥈
– Натпревар во Баскет 3х3 Државно – ВТОРО место 🥈
– Натпревар во организација на МАССУМ Баскет Државно ниво – ПРВО Место 🥇
Заслужни новиот освоен подиум и трофеј е тимот во состав: Јордан Кузманов, Лука Чучанов, Димче Ефтимов, Ристе Букршлиев и Блаже Тодоров.

Ментори на гевгелиските средношколци Вицешампиони се професорите по спорт и спортски активности Влатко Семенаков и Трајче Стојанов.
Пехарот го прими капитенот Јордан Кузманов.
Инаку, на последното Државно првенство во баскет (3 х 3) за средни училишта учество земаа следниве училишта и беа постигнати следниве резултати, во категорија момчиња:
1 место Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола
2 место СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија 🏆
3 место Гимназија „Никола Карев“ – Скопје
4 место „Спортска Академија“ – Кавадарци
Честитки за нашите нови Вицешампиони од Гевгелија!
Заслужни честитки и за трудот на менторите кои создале таков тим кој умее да се искачи на пиедесталот на победата!
