Во драматично финале со најголем број гласови од публиката и осум 12-ки од стручното жири вечерва на финалниот избор на Песна на евровизијата победи Австрија со песната „Wasted Love“ во изведба на феноменалниот вокалист, младиот JJ.
Драматиката беше во последниот дуел меѓу носителката на првата позиција Израел која имаше најмногу гласови 357, а Австрија 99 помалку. Но публиката му додели не само 100 гласови колку што му беа потребни за победа, туку вкупно 178 гласови, со што ЈЈ, претставникот на Австрија убедливо се искачи на ПРВАТА позиција.
Публиката е секогаш клучниот и драматичен оценувач кој го дава конечниот збор кој ќе биде победникот на Евровизија.
Според гласовите на жирито од земјите учеснички, освен осумте 12-ки што ги доби Австрија, со по пет 12-ки се здобија и Италија и Франција, и наместо да го завземат второто и третото место, после гласовите на публиката Италија се пласираше на 5-та позиција, а Франција на седмата од конечната листа на Евросонг 2025.
И на ова Евросонг издание се случи истото, Велика Британија доби нула гласови од публиката. Истото, за изненадување на домаќините, им се случи и на претставниците на Евросонг од Швајцарија.
Тоа е – публиката има свои правила, свои критериуми, жирито свои.
Ова е конечната листа од гасовите и на жирито и на публиката заедно: Австрија прва, Израел на втората позиција, Естонија со еден бод помалку од второпласираната Израел на трето место.
Вечерашното големо финале од 69-тото издание на Евровизија се одржа во Базел, Швајцарија, а на телевизиските екрани публиката го следеше преносот во живо од арената „St. Jakobshalle“. Преубав технички современ, светлосоно богат вистинско забавно-музичко шоу.
Во финалето настапија 26 земји: 20 кои се квалификуваа преку двете полуфиналиња и шесте директни финалисти – земјите од „Големата петорка“ (Франција, Германија, Италија, Шпанија и Обединетото Кралство) и домаќинот Швајцарија.
Македонија трета година по ред не учествуваше на изборот на Песна на Евровизија.