Во организација на Карате Федерацијата на Македонија и Карате Клуб “Фунакоши Гичин“, вчера во Скопје се одржа традиционалниот Меѓународен турнир во карате “Фунакоши Гичин – Опен 2023“.
Во конкуренција на натпреварувачи од Македонија, Србија и Косово настапија и каратистите од КК „Дојран“ кои се претставија со осуммина учесници во категориите „Ката“ и „Кумите“. Дојранските каратисти не и’ потклекнаа на конкуренцијата: освоија вкупно 8 медали и еден пехар за тимски пласман.
КАТА ТИМ – генерација 2014/2015 освои три медали и пехар:
1. Христијан Кречев – трето место, бронзен медал
2. Тина Упчева – трето место, бронзен медал
3. Марко Катранџиев – трето место, бронзен медал, и
Организаторот додели и Пехар за екипен настап на дојранскиот КАТА Тим.
Екипата за КУМИТЕ – сите се закитија со медал:
1. Наталија Јованова – кадетки +54кг – трето место, бронзен медал
2. Ремми Џокиќ +44кг – трето место, бронзен медал
3. Михаела Јовановиќ – 36кг – трето место, бронзен медал
4. Симона Колевска -44кг
5. Дарија Џониќ -44кг
Карате клубот „Дојран“ е единствен од ваков вод во оваа општина и е од поновите спортски клубови. Веќе врши упис на нови членови со цел да ги достигне спортските врвови со своите карате членови.
Намерата им е да го претставт Дојран на сите државни,балкански, европски и светски натпревари кои што се во календарот на КФМ и WKF (Светска карате Федерација), а со тоа да се слушне за Дојран на меѓународна сцена и пошироко. Поради тоа, најдобриот карате клуб во Општина Дојран е во потрага по своите нови шампиони.
Упис на нови членови се врши секој вторник и четврток од 16:00 часот во Спортската сала на ООУ „Кочо Рацин“ во Нов Дојран.