Чуварот на македонската роднокрајна ризница и амбасадор на македонскиот фолклор низ светот ФА „Бојмија“ од Гевгелија синоќа изведe уште едно концертно издание за секогаш расположената гевгелиска публика за нивните настапи.
На сцената на Народниот театар настапија и ветераните и младиот состав на ансамблот и покажаа дека традицијата се негува, пренесува, се љуби и чува како аманет за нашиот културен идентитет и вековно постоење на македонскиот музички код. Еве еден настап од ветераните:
Полетноста на македонската игра е заразна, ќе стане и старо и младо да се фати на оро. Еве да се уверите од жестокото темпо под нозеете на расположените за песна и игра играорци на „Бојмија“.
На концертите секогаш има по некое изненадување, а тоа беше Врањскиот мелос, со дајриња, шалвари, шамивчиња со монистри кои тропаат на секој трепет на девојката, игра над тапаните и уште многу виртуозни изведби на младите од „Бојмија“. Легендарната „Коштана“ пренесена во Гевгелија со умешноста на талентираните гевгелиски играорци.
Публиката достојно го награди со аплауз и овој трет по ред концерт на Фолкорниот ансамбл „Бојмија“ во Гевгелија и така покажа дека македонскиот и роднокрајниот фолклор е секогаш прифатен и со љубов опстојува на овие простори, на македонското тло и каде и да гостува во светот.
Среќно „бојмијци“ во нови сценски освојувања!