Гевгелија денеска се “пржи” на 🌡+41°C под сенка. Ниту зеленилото, ниту тендата под тераса не помага. Само издржливиот ген гевгелиски помага.
Од 93 летни денови дури 70 се под топол бран, проценуваат светските метео стручњаци. Ете толку денови трае летниот тренинг на опстојување на гевгеличани.
Препорачливо е да избегнувате престој на сонце, да се разладувате, да пиете освежителни пијалоци.
Градските чешми во оваа прилика остануваат забележителни и повеќе од потребни.
Фатете некој лад, пуштете клима, вентилатор, пркосете му на жешкото.
Ќе издржиме!