Лето е, на море ќинисало и старо и младо, со нови климатизирани автомобили, а богами и со автомобили од минатиот век.
Ова е 50 годишен “Стојадин” фотографиран на Евзони со кој храбро се упатил на море македонски граѓанин. Автомобилот му е подвижна реклама – на задното стакло испишал дека возилото нема воздушни перничиња, нема клима, нема електроника, неме електронско управување со прозорите, нема GPS, нема Start Stop и сепак НЕМА ПРОБЛЕМИ.
Фотографијата ја направил српски државјанин и ја поставил на групата “грчка инфо”.
Среќен пат “Стојадине”!