Денес и утре Гевгелија е домаќин на околу 100 натпреварувачи од 20 пинг-понг клубови од земјата и странство, кои учествуваат на Меѓународниот турнир во пинг-понг „Гевгелија Опен“.
Организатор на турнирот е новоформираниот пинг-понг клуб „Гевгдион“ од Гевгелија кој на ваков начин покажува дека освен спортската умешност имаат и организаторска спремност да изведат на спортска сцена еден турнир од меѓународен ранг кој би сакале да прерасне во традиционален спортски настан во Гевгелија.
На „Гевгелија Опен 2025“ учествуваат покрај екипи од Македонија и од уште пет земји од регионот: Србија, Турција, Босна и Херцеговина, Бугарија и Албанија.

Главен иницијатор за растеж на пинг-понгот како спортски натпревар кај нас е младиот Кристијан Бојмалиев од Негорци кој од мали години го засака спортот со палките и белото потче на големата пинг-понг табла, самиот со подршка од локални фирми го организираше турнирот „Негорци Опен“, беше иницијатор и еден од оснивачите на ППК „Гевдион“ формиран неодамна.

Турнирот се одвива во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија.
На денешното свечено отварање турнирот го прогласи за отворен градоначалникот на општина Гевгелија Андон Сарамандов и меѓу другото, во своето обраќање пред присутние истакна:
– „Ентузијазмот, посветеноста и љубовта кон спортот се главен мотив Локалната самоуправа целосно и во континуитет да ги подржува ваквите настани.
Со задоволство најавувам дека наскоро Пинг Понг Клубот „Гевдион“ ќе добие и свој дом за тренинзи во реконструираната спортска сала на ДТВ ,,Партизан”, што сметам дека ќе придонесе уште повеќе млади да се вклучат и да ја засакаат оваа спортска дисциплина“ – истакна Сарамандов посакувајќи им успех и спортска среќа на учесниците.
Гевгелија Опен продолжува и утре, бидете спортски расположеи да ги посетите и да го запознаете овој брз и динамичен спорт одблизу со натпреварувачите кои сакаат потстрек и навивање.
Нека победи најдобриот!