На 2 септември 1905 година кај месноста Ѓуров Дол, во близина на селото Ѓавато, Гевгелиско, во борба против триилјадна турска војска, откако го уби турскиот јузубашија, со последниот куршум се самоуби гевгелискиот војвода Леонид Јанков.
Денес се навршуваат 120 години од погибието на славниот и опеан војвода Леонид Јанков од с.Мачуково, гевгелиско, во познатата и преубава народна песна „Трба, трби, гевгелиско“.
По целодневна борба против триилјадниот турски аскер, опколен во месноста Ѓуров дол, во близина на селото Ѓавото, Гевгелиско, Леонид со последните два куршума го убива прво турскиот воен намесник јузбашијата, а потоа си го одзема и својот живот.
Не сакал да падне во турски раце, да биде измачуван и понижуван. Заминал во вечноста на само 27 години возраст.

Гевгелија до ден денешен е горда на својот херој и благодарна за неговата борба и саможртва за слободата.
Војводата Леонид почива на градските гробишта каде секојдневно гори свеќа за благодарност од жителите на Гевгелија и Македонија.
Според различни извори со него загинуваат комитите Михаил Иванов Таушанов од Богданци, Томе Киро Донов од Стојаково, Тома Фириев од Стојаково. По битката телата им се погребани на гробиштата во Гевгелија.
Ти Благодариме Војводо!
Вечна ти слава!
Видеото е поздрав од твојата слободна Гевгелија, а за тебе пеат „Распеани Гевгеличани“.