недела, 21, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Стојачки „олд тајмери“ Reno 4 на саем во Тоскана, Италија

Неуморните и непоколебливи љубители на автомобилските олд тајмери, а особено на „Reno 4“ двоецот Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев од Стојаково со трета авантура на „Reno 4“, овој пат на саемска презентација во Италија

септември 21, 2025
in ФОКУС
Стојачки „олд тајмери“ Reno 4 на саем во Тоскана, Италија
0
SHARES
91
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Неуморните и непоколебливи љубители на автомобилските олд тајмери, а особено на „Reno 4“ двоецот Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев од Стојаково со трета авантура на „Reno 4“, овој пат на саемска презентација до Италија.

Од 19 до 21 септември тие учествуваат на глобален Рено 4 фестивал во Тоскана, Италија, каде изложија не еден туку два автомобила „Reno 4“ стари половина век, имаат сина младолика боја, се сјаат на сонцето со регистарски таблички од Гевгелија, Македонија со ознака GE – MKD.

Related posts

Жителите на Богородица вечерва го празнуваат „Рождеството на Пресвета Богородица“

Жителите на Богородица вечерва го празнуваат „Рождеството на Пресвета Богородица“

септември 20, 2025
OВР Гевгелија: Поднесена Кривична пријава против жител на Богданци

OВР Гевгелија: Поднесена Кривична пријава против жител на Богданци

септември 19, 2025
Ѓорги Николов гордо стои до своето „Рено 4′ на сем во Тоскана

Ги знаете Ѓорги и Џоко од нивните претходни авантури:
– Во 2018 година поминаа 4500 километри со Рено 4 старо 40 години, за да учествуваат на саем на олд тајмери во Ница, Франција.
– Во 2019 година возеа 23.000 километри од Стојаково до Пекинг, со истото Рено 4 старо 41 година, без климатизација, без GPS, без автоматски удобности…

Во 2020 година се подготвуваа да ја извозат рутата 68 во САД, најдолгиот пат од 900 километри во САД, наречен „Сценски автопат“ низ целиот Кентаки, но оваа акција не ја реализираа, се уморија спонзорите, се активираа завид’лците за нивната преголема полуларност, тие двајцата стопираа со авантурите. Во 2021 ги запре ковид пандемијата и еве ги повторно… Неуморниот дух на авто љубителите на долги патеки и олд тајмери не може да мирува, па кој сака нека мрчи.

Годинава, после шест години пауза од авантурите на стојачкото Рено 4, Ѓорги и Џоко се во нова авантура:
– „Овој пат, проширени и надградени со уште едно Рено 4 🚙 и уште двајца членови на екипажот отидовме на собир во Италија на глобален рено 4 фестивал, каде гордо ја претставуваме Македонија 🇲🇰.
Поздрав од Ѓорѓи, Џоко и двајцата нови членови Пепи и Трајче!“ – испраќа поздрави Ѓорги Николов од Тоскана.

Уште со остварувањето на првата авантура Николов и Шуклев докажаа дека не постојат невозможни потфати. Олдтајмерот од 1978 година беше реставриран два месеца, а потоа можеше да вози без проблем и со 100 километри на час. Возилото од Стојаково доби ВИП-третман и привлекуваше повеќе туристи, отколку луксузните автомобили на Азурниот брег.

Ѓорги и Џоко се двајца колеги, сограѓани, другари по љубовта кон автомобилите и заеднички ја остваруваат својата авто пасија, да сјаат и возат по патиштата со автомобилска историја стара половина век и да докажат дека не е се во убавината, туку и во истрајноста, одржувањето, перфектната мајсторија на старите производители од минатиот век. Ова е нов век, нови модели, нова механизација, електроника, автоматика, но возилото од минатото во рацете на двајцата пасионирани возачи и мајстори Ѓорги и Џоко преде како маче по патиштата, и сјае на сонцето како насмевките на Ѓорги и Џоко додека го возат задоволно.

СРЕЌНО и денеска на последниот саемски ден во Тоскана!
Среќен повраток дома во Стојаково со популарното „Рено 4“, овој пат во дабл издание!

Двајцата убавци „Рено 4“ од Стојаково, Македонија на глобален саем во Тоскана, Италија
Џоко и Ѓорги, заено по патиштата со своето „Рено 4“ произведено 1978 година
Ѓорги (лево) и Џоко со МК знаме на Кинескиот ѕид, при реализацијата на втората авантура „Од Стојаково до Пекинг“
Колеги, пријатели, другари, тандем во автомобилските авантури со „Рено 4“
ShareTweetShareSend
Previous Post

Жителите на Богородица вечерва го празнуваат „Рождеството на Пресвета Богородица“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

3 месеци ago
Катерина Шиповиќ е ПОБЕДНИК на Ултра трката „Панкс Бекјард Ултра“ во Гевгелија

Катерина Шиповиќ е ПОБЕДНИК на Ултра трката „Панкс Бекјард Ултра“ во Гевгелија

11 месеци ago
Два медала и Специјална Екипна награда на трката „Кaterini Run 2024“ за АК „7-ми Ноември“ Гевгелија

Два медала и Специјална Екипна награда на трката „Кaterini Run 2024“ за АК „7-ми Ноември“ Гевгелија

2 години ago
Лишен од слобода жител на Валандовско

Лишен од слобода жител на Валандовско

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Стојачки „олд тајмери“ Reno 4 на саем во Тоскана, Италија
  • Жителите на Богородица вечерва го празнуваат „Рождеството на Пресвета Богородица“
  • Интервју со Магдалена Јованова, претседател на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Стојачки „олд тајмери“ Reno 4 на саем во Тоскана, Италија

Стојачки „олд тајмери“ Reno 4 на саем во Тоскана, Италија

септември 21, 2025
Жителите на Богородица вечерва го празнуваат „Рождеството на Пресвета Богородица“

Жителите на Богородица вечерва го празнуваат „Рождеството на Пресвета Богородица“

септември 20, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist