Обилен број на возила паркирани од двете страни долж улицата пред Градскиот пазар во Гевгелија навестуваше дека денешниот ќе е богат пазаред ден.
Дали предвелигденски, дали поради намалените (замрзнати) цени на дел од основните земјоделски артикли за прехранување на граѓаните, сликата на посетеноста на гевгелискиот пазар денеска беше раздвижена.
Полните тезги земјоделски и овошни производи беа видно присутни, а зголемениот број на купувачи, со поефтиното испазарено за семејната трпеза, имаа заштедено остаток од вообиаениот пазарен трошок, за да ги посетат и сезонски присутните тезги со садници цвеќе, со расад за полјоделците, со текстилната понуда.
Ветровитиот ден не беше пречка меѓу купувачите да се најдат и посетители од сседна Грција. Поефтино за нас, уште поефтино за нив според нивниот стандард.
Гевгелиските пазарџии ја почитуваа одлуката за замрзнати цени на 11 видови земјоделски и овошни артикли.
Ова беше суштината на одлуката за замрзнување на 11 видови овошје и зеленчук, која ќе важи до крајот на месецот, со цел граѓаните да имаат можности да си дозволат пристојна и богата празнична Велигденска трпеза.