Викенд полн со расправии: две пријави за физички напад во подрачјето на СВР Струмица, две пријави за расправии и една закана со оружје и на подрачјето на ОВР Гевгелија, кое е во надлежност на СВР Струмица.
На 26.05.2023 во 04:10 часот Д.С.(20) од Гевгелија пријавил дека во четвртокот вечерта, на 25.05.2023 околу 22:30 часот во Гевгелија по претходна расправија едно лице му се заканувало со оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден, четврток, во истиот термин, со 10 минути разлика во СВР Гевгелија пријавен е и случај на физички напад.
Во извештајот на МВР стои заведено дека на ден 25.05.2023 во 23:50 часот Д.М.(51) од Струмица пријавила дека околу 22:40 часот во Гевгелија нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица
И за двата случаја МВР известува дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На подрачјето на СВР Струмица, каде под надлежност припаѓа и СВР Гевгелија изминативе два дена се регистрирани две пријави за физичко насилство.
Првата пријава е регистрирана во петокот , на 26.05.2023 во 20:20 часот кога лицето Т.Х.(40) од Струмица пријавил дека околу 16:00 часот во Струмица бил физички нападнат од Ж.Н.
Втората пријава е регистрирана на 27.05.2023 во 02:00 часот кога лицето Л.Т.(41) од Ново Село-Струмица пријавил дека во угостителски објект во истото село бил физички нападнат од Ц.Ѓ. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.