Слаткиот штанд „Крофни за лекување на Луна“ продолжува да ги обединува гевгеличани.
Во четврток (13.07.2023 год.) во 20:00 часот на плоштад „Фонтана“ во центарот на Гевгелија ќе биде отворен по трет пат штандот со „Крофни за Луна“. Изготвувач е малата 11 годишна Марија Митрова која е иницијатор и реализатор на идејата на ваков начин со продажба на крофни да собере средства за лекување на Луна.
Во желбата да се помогне на 14 годишната Луна на која и’ е потребна ИТНА операција во странство, на штандот за крофни на Марија и’ се приклучија со свои штандови со слатки и лимонада и децата Петар Хаџи-Николов, потоа атрактивните продавачи малиот Петар и Матеја.
Четвртата хуманитарна акција за Луна (првата од девојчето Силвија со колачите во „Јуми“ и трите акции со крофни на Марија) ќе биде збогатена со нови штандови. Овде ќе бидат и рачно изработените колби и ланчиња од Анастасија и Теодора, девојчиња од Скопје кои сакаа со донираниот накит за продажба да помогнат на Луна.
За Луна е отворен АПЕЛ за помош на меѓународната платформа GoFundMe и овде за пет денови собрани се 3.456,- евра од 56 донатори. Вкупната сума која и’ е потребна за операција на Луна изнесува 63.400 евра. Значи потребни се уште донации од хуманите луѓе.
Дознаваме дека одлуката која Советот на општина Гевгелија треба да ја донесе следниот понеделник, на 17 јули за финансиска помош за лекување на Луна изнесува 300.000 денари, или неполни 5.000 евра. Тоа значи дека Луна има обезбедено едвам 16% од потребните средства за операција.
Затоа, гевгеличани, добри луѓе, семејството Поп-Костови упатува АПЕЛ до сите кои сакаат, имаат желба да помогнат, да креираат некоја акција за да и’ помогнеме на малата Луна.
Време за чекање нема многу. Сколиозата која е во напредна фаза почнува да навлегува во белите дробови и го отежнува дишењто на Луна. Да не стаса до срцето, потребно е да се оперира што побрзо. Докторите од Клиниката „Аџибадем“ во Турција порачале дека тоа треба да биде крајот на август, или почетокот на септември 2023 година.
Не чекајте, направете добрина, ДОНИРАЈТЕ за ЛУНА!