среда, 4, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

МВР: Оглас за прием на 600 извршители на работно место полициски службеник

Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за засновање на работен однос на 600 извршители на работно место полицаец

август 10, 2023
in MАКЕДОНИЈА
МВР: Оглас за прием на 600 извршители на работно место полициски службеник
0
SHARES
338
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за засновање на работен однос на 600 извршители на работно место полицаец, согласно своите организациски потреби, како и согласно одредбите од законите за внатрешни работи и за полиција, и соодветните подзаконски акти.

Имено, за работната позиција полицаец во Секторот за внатрешни работи Скопје се бараат 300 извршители, во Секторот за внатрешни работи Охрид се отворени места за 100 извршители, прием за 30 извршители е овозможен во Секторот за внатрешни работи Тетово, по 20 во секторите за внатрешни работи во Струмица (каде припаѓа и ОВР Гевгелија), Куманово, Штип, во Одделот за заштита на определени личности и објекти, како и во Регионалните центри за гранични работи Север и Запад. По 15 извршители се бараат во секторите за внатрешни работи Битола и Велес, а по 10 извршители во регионалните центри за гранични работи Исток и Југ.

Related posts

24 Maj – Ден на сесловенските просветители

24 Maj – Ден на сесловенските просветители

мај 24, 2025
ОВР Валандово – Лишени од слобода две лица, едниот за дрога, другиот за пребрзо возење

ОВР Валандово – Лишени од слобода две лица, едниот за дрога, другиот за пребрзо возење

мај 23, 2025

Покрај општите услови наведени во огласот, кандидатите треба да исполнуваат и посебните услови, и тоа:
– потребна телесна висина од најмалку 175 см (мажи), 165 см (жени) и висока лична физичка подготвеност.
А, во потребната документација како доказ за исполнување на потребните услови за работното место се
– извод од матична книга на родените,
– диплома за завршено четиригодишно средно образование и
– две фотографии (3,5 см х 4,5 см
), како и
– своерачно потпишана изјава со која потврдува дека истиот не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

По спроведената постапка за селекција, која опфаќа административна селекција на поднесената документација, проверка на моторички способности (за мажи: најмалку 9 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 16 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 220см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,35 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 15 секунди и „трчање на 1500 метри“ за најмалку 5,25 минути и за жени: најмалку 6 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 12 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 160см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,50 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 18 секунди и „трчање на 800 метри“ за најмалку 3 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата), потоа тест за интегритет и психолошки тест, општо-образовен тест, интервју, безбедносна проверка и здравствени прегледи.

Избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на неа се упатуваат за 10 проценти поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас, не сметајќи го денот на самото објавување. Ненавремената и непотполна документација нема да се разгледува.

Кандидатите се охрабруваат да ја посетат веб страната на Министерството за внатрешни работи www.mvr.gov.mk, од каде можат да добијат информации за функциите, надлежноста и делокругот на работа на Министерството за внатрешни работи.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Македонецот Миле – добротворот од Халкидики

Next Post

ВИДЕО: Македонска народна песна се лее низ Егејска Македонија

Next Post
ВИДЕО: Македонска народна песна се лее низ Егејска Македонија

ВИДЕО: Македонска народна песна се лее низ Егејска Македонија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Отворен повик за користење грант за самовработување

Отворен повик за користење грант за самовработување

2 години ago
ПЕТОК НАВЕЧЕР

ПЕТОК НАВЕЧЕР

3 месеци ago
Ковачевски од Гевгелија: Пензиите поголеми, стабилни и редовни

Ковачевски од Гевгелија: Пензиите поголеми, стабилни и редовни

1 година ago
ЗЛАТЕН МЕДАЛ за „Планински мед“ од подножјето на Кожуф на Агро Саем Струмица 2024

ЗЛАТЕН МЕДАЛ за „Планински мед“ од подножјето на Кожуф на Агро Саем Струмица 2024

8 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Цеца и Тоше од „АК „7 Ноември“ Гевгелија – ТРЕТО МЕСТО на „Охрид трчат“
  • ВИДЕО: Oсветен Светиот Крст кај село Николиќ, дојранско
  • Ученичката Скајлер од ООУ во Негорци – ПРВА награда на литературен конкурс

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Цеца и Тоше од „АК „7 Ноември“ Гевгелија – ТРЕТО МЕСТО на „Охрид трчат“

Цеца и Тоше од „АК „7 Ноември“ Гевгелија – ТРЕТО МЕСТО на „Охрид трчат“

јуни 3, 2025
ВИДЕО: Oсветен Светиот Крст кај село Николиќ, дојранско

ВИДЕО: Oсветен Светиот Крст кај село Николиќ, дојранско

јуни 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist