Македонецот Гого Славески освои светска титула во велтер категорија во борби со голи раце во БКФЦ категоријата совладувајќи го синоќа, во Мајами, Џејл Лидзи со едногласна одлука на судиите дека Гого е најдобар.
Сите тројца судии беа согласни за победа на Гого во финалната борба, па така конечниот резултат гласеше 49:46, 49:46 и 48:47.
Ова беше шеста победа во низа за Македонецот во ова натпреварување
Gorjan Slaveski is the NEW BKFC Welterweight Champion! 😤#BKFC49 @bareknucklefc pic.twitter.com/0m73UQf0OZ
— Triller Fight Club (@trillerfight) August 26, 2023
По оваа голема победа со која стана најдобар на светот испрати порака до сите Македонци>
– „Радувајте се Македонци, остваривме историја, остваривме историја. Македонија е мала држава, со едвај два милиони жители и навистина е тешко од таму да се стане најдобар во светот. Но, успеав во тоа зашто ние сме земја на шампиони“.
Веднаш по борбата, Гого на социјалните мрежи објави статус. Тој напиша: „За мојот народ никогаш да не зборуваш во деминутив! Светски успех!.
Гого Славески кој има 28 години е дете пораснато во Скопје, во населбата Ѓорче Петров, а последната деценија живее во САД каде среќата ја бараше прво како професионален боксер, а во последно време во борбите со голи раце каде се пронајде и се етаблира во еден од најдобрите.