Вчера, сабота (02.09.2023) на граничниот премин Богородица во 17:45 часот полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ го лишија од слобода Х.Ј. од Грција поради сторено кривично дело „нудење поткуп“.
Грчкиот државјанин Х.Ј. се обидел да влезе во Република Северна Македонија со патничко моторно возило „Пежо 206“ со германски регистерски таблички, но не поседувал зелен картон. Кога од страна на полициски службеник му било укажано дека мора да извади зелен картон, тој почнал агресивно да се однесува, а потоа му понудил поткуп од 20 евра на полицискиот службеник.
Грчкиот државјанин Х.Ј. веднаш е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија