сабота, 10, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

ДЕТСКА НЕДЕЛА – од 2 до 9 Октомври

Со разни активности Детската недела се одбележува во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври, па и кај нас

октомври 3, 2023
in MАКЕДОНИЈА, ФОКУС
ДЕТСКА НЕДЕЛА – од 2 до 9 Октомври
0
SHARES
63
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

“Цртаме и го боиме светот во боите на природата- сино како небото, зелено како дрвјата, жолто како сонцето, црвено, розево, лила како расцветаните цвеќиња”
Шарениот детски свет виден со очите на најмалите отсликан во школскиот двор на ООУ “Крсте Мисирков” Гевгелија, од првачињата, по повод Детската недела.
Да Ви биде весело и шарено дечиња, Вам и на сите деца кои растат под заедничкото Сонце на среќата!

Related posts

ВИДЕО: Регионален натпревар по Прва помош во Гевгелија

ВИДЕО: Регионален натпревар по Прва помош во Гевгелија

мај 10, 2025
Изложба „80 години од победата над фашизмот“ на НУ „Музеј“ Гевгелија

Изложба „80 години од победата над фашизмот“ на НУ „Музеј“ Гевгелија

мај 9, 2025

Ведри лица, детски џагор и смеа, дружење и творење… имаше и во дворот на ООУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија каде со цртање, боење, детски игри, се одбележа почетокот на Детската недела, во Октомври 2023.

Ученици од „Владо Кантарџиев“ цртаат во школскиот двор по повод Детската недела
Активностите во ООУ „В.Кантарџиев“ беа збогатени и со спортски игри

Со разни активности Детската недела се одбележува во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври.

Организаторите порачуваат дека децата се нашето најголемо богатство, нашата гордост, нашата радост, и нашата иднина. Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и овозможат еднакви можности. Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет, посочуваат организаторите.

Владата, на предлог на Министерството за труд и социјална политика, донесе одлука за издвојување средства за законски востановената „Детска недела”, којашто се реализира со цел развивање на општествената активност за афирмација на заштитата на децата, соопшти владината прес-служба.

„За време на траењето на „Детска недела”, од 2 до 9 октомври 2023 година, предвидено е да се издвојуваат: од секој продаден влезен билет за театар, кино, уметничка изложба и други културни манифестации 5,00 денари; од секоја поштенска пратка во внатрешниот сообраќај, освен на печатени работи 2,00 денара; од секој влезен билет на спортски натпревари и други спортски приредби 5,00 денари, од секој продаден возен билет во железничкиот и автомобилскиот, меѓународниот, меѓуградскиот сообраќај 5,00 денари, од секој продаден возен билет во авионскиот сообраќај 50,00 денари, од секој продаден облик на електронски музички и видеозапис, видео касета и друго 5,00 денари. Од плаќањето се исклучени изложбите, приредбите и другите културни манифестации организирани од страна на ученици и студенти во јавни установи.

Во време на траењето на манифестациите посветени на децата се организираат културни, забавни, образовни, спортско-рекреативни, активности од областа на екологијата и други активности посветени на децата“, наведуваат од Владата.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Полициски службеници од ГП и ГН „Богородица“ откриле криумчар на мигранти

Next Post

Комерцијална презентација на „АРИСТОН“ во Гевгелија

Next Post
Комерцијална презентација на „АРИСТОН“ во Гевгелија

Комерцијална презентација на „АРИСТОН“ во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Наградена фотографија од конкурсот „Кожуф во есен“ на П.Пубреклиев

Наградена фотографија од конкурсот „Кожуф во есен“ на П.Пубреклиев

1 година ago
Нови градежни изведби во центарот на Гевгелија

Нови градежни изведби во центарот на Гевгелија

1 година ago
Шест ракометари од југот на листата за Кадетска ракометна репрезентација на Македонија

Шест ракометари од југот на листата за Кадетска ракометна репрезентација на Македонија

2 години ago
Забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци, стапи на сила попладнево

Забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци, стапи на сила попладнево

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Малите гевгелиски атлетичари освоија ПЕТ подиуми на трка во Сараево
  • ВИДЕО: Регионален натпревар по Прва помош во Гевгелија
  • Хуманитарна трка по повод Светскиот ден на Пулмонална хипертензија во Гевгелија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Малите гевгелиски атлетичари освоија ПЕТ подиуми на трка во Сараево

Малите гевгелиски атлетичари освоија ПЕТ подиуми на трка во Сараево

мај 10, 2025
ВИДЕО: Регионален натпревар по Прва помош во Гевгелија

ВИДЕО: Регионален натпревар по Прва помош во Гевгелија

мај 10, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist