Вчера околу пладне автомобил со регистарски ознаки од Гевгелија излетал од патот кај с.Николиќ, дојранско.
Во полицискиот извештај стои наведено дека сообраќајката се случила на 17.10.2023 (вторник), а дека е пријавена во 11:40 часот во Полициската станица Гевгелија.
Овде било заведено дека на регионален пат село Николиќ – Нов Дојран, Б.Н.(56) од Гевгелија, управувајќи патничко возило „Фолксваген Поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, со возилото излетал надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.Н. (28) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
Фото: МВР-Архива