Според методологијата на работа на МТСП кај нас ги нарекуваат помошни асистенти, а за новиот бизнис на нашинци во Грција говорно се вели „чуваат стари лица“.
Поимашните граѓани во Грција во немање роднини кои можат да им ја олеснат староста, (децата им се или на работа во друг град, или се во странство) ангажираат лица од Македонија. За тој ангажман нашинецот по договор има солидна исплата од 500 евра и нагоре, на месечно ниво. Колку се обврските поголеми, толку е и наградата повисока. За тој период нашинецот престојува во Грција, во домот на лицето кое го чува, го снабдува со лекови, го придружува до лекар и му помага за секојдневните потреби.
Соговорникот, Томе Костов од Марвинци, валандовско, во прилогот на „Зевзекманија“ открива дека ова е честа појава на заработка на граѓани од југот, особено во места каде отишле на летување, на плажа, а завршиле со ангажман за „чување на стари лица“ со цел да заработат за живот, а да не мигрираат.
Погледнете ја изјавата за новиот, а некои од вас знаат дека е веќе децениски стар бизнис на „снаоѓање“ за лична заработка на нашинци кои се без работен однос во татковината. Но, блискоста со Грција и местата каде престојуваат им овозможуваат неделна, или месечно еднаш посета до дома, или на период пред истекот на три месеци, до обновување на туристичкиот престој во Грција.
Повеќе од прилогот како им помагаат нашинци на „осамените души“ во Грција- од современата Балканска идила::