вторник, 1, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Цвеќе за гевгелиските првоборци Васо, Алеко, Деко и за стреланите од Конско и Негорци

Со години на овие историски денови без цвеќе, осамени, не спомнати остануваат спомен бистите на останатите гевгелиски борци кои стојат немо за сеќавање и незаборав за својата жртвувана младост и борбеност за слобода

ноември 8, 2023
in ФОКУС
Цвеќе за гевгелиските првоборци Васо, Алеко, Деко и за стреланите од Конско и Негорци
0
SHARES
237
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Вчерашниот празничен ден на 79 годишнината од слободувањето на Гевгелија делегации општественици од градот, здруженија на граѓани, претставници на Сојузот на здружението на борците од НОБ и нивните поддржувачи положија свежо цвеќе во знак на почит и благодарност на споменичните обележја во центарот на Гевгелија, како и на Спомен костурницата на паднатте борци од Гевгелија и Гевгелиско за време на ВСВ.

Со години на овие историски денови без цвеќе, осамени, не спомнати остануваат спомен бистите на останатите гевгелиски борци кои стојат немо за сеќавање и незаборав за својата жртвувана младост и борбеност за слобода.

Related posts

Пoжарот од Грчиште се’ уште активен, се шири во правец на Ѓавото

Пoжарот од Грчиште се’ уште активен, се шири во правец на Ѓавото

јули 1, 2025
Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

јули 1, 2025

Вчера, цвеќе беше положено пред спомен бистите на најмладиот загинат борец од Гевгелија Васо Карајанов лоциран во Градскиот парк, на споменикот на Алеко Ќаев и Деко Ковачев, првоборци од Гевгелија, чии споменици се лоцирани кај Железничката станица, пред Споменикот на стреланите жители од Конско, Негорци и жител на Т.Велес, лоциран во Спомен парк шумата во областа на поранешна Касарна.
Почит и наклон искажаа претставници на СДСМ Гевгелија кои не сакаа овие наши заслужни борци да останат не спомнати и не овенчани со цвеќе за нивните заслуги, жртви и положен живот.

Делегација на СДСМ Гевгелија положува цвеќе на споменикот на Васо Карајанов, лоциран во градскиот парк
Васо Карајанов – (1921-1943) – првата жртва на борец од Гевгелискиот партизански одред за време на НОБ

Васо Карајанов – Леонид (22.12.1921 – 2.08.1943) роден гевгеличанец, загина во месноста Клуч на Кожуф планина, по неколкучасовна борба со кавадаречката контра-чета. Бидејќи останал без муниција, за да не падне жив во рацете на непријателот, со последниот куршум сам се уби. Така ја одбрал судбината на својот херој Леонид опеан во познатата народна песна „Трба, трби, гевгелиско“ по чие име го добил и својето партизанско име Леонид. Погинува на 17 годишна возраст.
Васо замина во партизани во април 1943 година, заминувајќи со напредни младинци на Кожуф планина и овде помогна да се формира првиот Гевгелиски партизански одред „Сава Михајлов“. Заради својата предаденост и посветеност во работата беше назначен за заменик командант на Гевгелискот партизански одред. Васо беше првата жртва-борец од гевгелискиот партизански одред кој загина на 17 годишна возраст, не дочекувајќи полнолетство, не дочекувајќи слобода, без доживеана младост.

Алеко Ќаев (1922-1981) – политички комесар на Вториот Гевгелиски Народноослободителен партизански одред, формиран од постојната диверзантска група од Гевгелија (период 04.1944 – 21.11.1944), во која тој членувал и дејствувал.
Одредот дејствувал во Гевгелиско и Валандовско, минирајќи ја железничката линија Миравци-Гевгелија, борејќи се против германските и бугарските сили и контрачетниците на своето подрачје, учествувајќи во ослободувањето на населените места и во запоседнувањето на граничната линија с. Ума – с. Конско кон Грција. На непријателските сили им нанеле загуби од околу 140 убиени и значителен број заробени.

Спомен бистите на Алеко Ќаев и Деко Ковачев – првоборци од Гевгелија лоцирани кај Железничката станица

Жртвите од Конско и Негорци , стрелани од бугарскиот окупатор:
1. Ѓоргиева Јордана – Конско
2. Деков Илија – Конско
3. Шаренков Димитар – Конско
4. Бојмалиев Ристо – Негорци
5. Димов (Велков) Ѓорги – Негорци
6. Карпузов Борис – Титов Велес
7. Цуклев Ристо – Негорци

Стрелани се во јануари 1944 година во месноста каде сега се наоѓа Спомен парк шумата во поранешна Касарна во Гевгелија.

Вечна слава и незаборав за сите големи борци, кои загинаа во вителот на НОБ против фашистичкото зло, за сите загинати патриоти, поддржувачи и следбеници на антифашистичката алијанса кон која се приклучија македонските борци и борците од Гевгелија и гевгелиско!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Приведен дилер на хероин во Гевгелија

Next Post

Доделени Благодарници за хуманитарност и достигнувања на гевгелични

Next Post
Доделени Благодарници за хуманитарност и достигнувања на гевгелични

Доделени Благодарници за хуманитарност и достигнувања на гевгелични

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ЛИТЕРАТУРНИОТ И ЛИКОВНИОТ КОНКУРС ПО ПОВОД „МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА“

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ЛИТЕРАТУРНИОТ И ЛИКОВНИОТ КОНКУРС ПО ПОВОД „МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА“

3 години ago
Двајца средношколци од Гевгелија освоија ТРИ награди на литературни натпревари на ДМЈЛ

Двајца средношколци од Гевгелија освоија ТРИ награди на литературни натпревари на ДМЈЛ

4 недели ago
ПРИЈАВУВАЊЕ на штетите од вчерашното невреме со врнежи од град

ПРИЈАВУВАЊЕ на штетите од вчерашното невреме со врнежи од град

1 година ago
Дојранското езеро повторно ќе се полни преку Хидросистемот Ѓавото

Дојранското езеро повторно ќе се полни преку Хидросистемот Ѓавото

8 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Пoжарот од Грчиште се’ уште активен, се шири во правец на Ѓавото
  • Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија
  • АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Пoжарот од Грчиште се’ уште активен, се шири во правец на Ѓавото

Пoжарот од Грчиште се’ уште активен, се шири во правец на Ѓавото

јули 1, 2025
Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

јули 1, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist