Сојузот на здружението на борците и поддржувачи од Народноослободителната борба на Македонија – Општинска организација Гевгелија денеска организираа историско сеќавање за настаните од Втората Светска Војна на овие простори.
На денешен ден 26 декември, пред 79 години, во 1943 година, беше запалено и до темел игоре селото Конско од страна на бугарскиот окупатор и сојузник на фашистичкото зло во вителот на ВСВ, а оперираше на просторот на Македонија.
Денеска, општествено-политички претставници од Гевгелија, Членови на Советот на општината, претставници на СДСМ-Гевгелија заедно со граѓаните од с. Конско и Ново Конско оддадоа почит на загинатите борци од НОБ од Гевгелија и гевгелиско кои загинаа во нападот на бугарскиот подучасток при што животите ги загубија петмина партизани од овој крај: Киро Спанџв – Брко, Благој Крстиќ – Јошка, Ѓорги Ѓелев – Шумски, Марко Бугарин и Гелевски Живко од Ресен.
Во знак на одмазда бугарскиот окупатор стациониран на овие простори во три наврати го запали селото Конско, гевгелиско кое изгоре до темел, а жителите негови беа оставени без дом и огниште.
Пред спомен обележјата во ова населено место зборуваа претставници на СЗБ од НОВ и подржувачи на НОБ, претседателот Ристо Марковски и секретарот Ангел Алчинов.
На спомен обележјата беше положено свежо цвеќе за сеќавање на настаните и почит на жртвите од овој немил настан, како и погинатите борци.
Сеќавањата продолжија на заедничка средба во дворот на планинарскиот дом „Томе Шутов Кротки“ во с.Конско.