вторник, 1, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Одбележан патрониот празник во ООУ „Климент Охридски“ Миравци

Со пригодна културно-уметничка програма синоќа беше одбележан патрониот празник на Општинското основно училиште „Климент Охридски“ во Мирвци

декември 8, 2023
in ФОКУС
Одбележан патрониот празник во ООУ „Климент Охридски“ Миравци
0
SHARES
179
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Со пригодна културно-уметничка програма синоќа беше одбележан патрониот празник на Општинското основно училиште „Климент Охридски“ во Мирвци.

Учесници во програмскиот дел беа членовите на училишните секции: литературна, музичка, драмска, а беа изведени и танцови настапи. Се во чест на патронотСв.Климент Охридски, ученик на светите браќа Кирил и Методиј, научник, писател,основач на Првиот Охридски универзитет и просветител на Словените.

Related posts

Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

јули 1, 2025
Tрет инклузивен марш на Кожуф

Tрет инклузивен марш на Кожуф

јуни 29, 2025

Настанот се одржа во училиштето, а програмата ја проследија голем број гости, родители, претставници на локалната заедница и вработени.

Одбележувањто на патронот и 140 годишнината од организираната образовна дејност во Миравци продолжи и со спортски настани. Реализирана е спортска средба со ООУ “Страшо Пинџур ” – Јосифово.
Не е важно кој победи – важно е дека големиот просветител Климент Охридски отвори прозорец на описменувањето, знаењето, образованието, а училиштата се храмот на тоа богатство кое ги облагородува генерациите и зближува.

Школството во Миравци има длабоки корени-140 години.
Првото училиште било отворено во 1884 година, а прв учител бил Глигор Божинов. Наставата била организирана во самите куќи, како и во црквата. Доказ за тоа се пронајдените букварки „Алфивитарии“ на Кирил Пејчиновиќ, како и неговите „Огледало“ и „Евангелие“, на подрачјето на селото Миравци.

Во 1925 година, со голема помош на рускиот учител Трофим Сахненко, била изградена училишната зграда во која се изведувала настава до 1996 година, кога била подигната новата училишна зграда.
Во составот на училиштето влегуваат подрачните училишта: во Давидово, Милетково и
ПУ „Ѓорѓи Делев“ – Смоквица, сите подрачни училишта на македонски наставен јазик.

Честит патронат и нека е вековито делото и придобивката од работата на Св.Климент Охридски!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Нов снег во Македонија, во Гевгелија дожд 1л/м2

Next Post

ОВР Гевгелија: Починат 43 годишник пронајден дома

Next Post
ОВР Валандово: Кривична пријава против затворски полицаец

ОВР Гевгелија: Починат 43 годишник пронајден дома

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

21 Пензионерски средби – „Ревија на песни и музика“ одржани во Богданци

21 Пензионерски средби – „Ревија на песни и музика“ одржани во Богданци

2 години ago
Признание за ОО Црвен Крст Гевгелија

Признание за ОО Црвен Крст Гевгелија

1 година ago
Демант на Здружението на пензионери Гевгелија

Демант на Здружението на пензионери Гевгелија

2 години ago
ИУТЕ АКЦИЈА !!! Подгответе го вашиот автомобил за зимската сезона

ИУТЕ АКЦИЈА !!! Подгответе го вашиот автомобил за зимската сезона

8 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија
  • АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот
  • Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

јули 1, 2025
АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот

АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот

јули 1, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist