Првиот хуманитарен инклузивен настан „Ајде сите заедно во природа“, во организација на гевгелискиот планинарски спортски клуб „„Кожуф“ го закити со признание Федерацијата на планинарството во Македонија.
Гевгелиското планинарско друштво кое одбележува седум децении од своето псотоење во соработка со Фондацијата „Ице Бегов“ ја осмислија и организациски подготвија првата инклузивна акција на планина со членовите на фондацијата „И:Бегов“.
Намерата беше на Меѓународниот ден на планината да се дружат, планинарат и искачуваат врвови заедно, пасионираите планинари и лицата со посебни потреби, на кои искусните планинари им ги покажаа убавините на природата и тајните на издржливоста во дружењето со планината.
Акцијата се одржа на планината Плачковица, каде домаќини беа ФПСМ и ДСП ,,Лисец”-Штип.
Првото инклузивно планинарење е настан кој беше препознаен од страна на ФПСМ, со кој ЗПСК „Кожуф“ покажа дека освен спортувањето, грижата за природата, знаат да осмислат нови активности со кои планината ќе стане подостапна и за други лица почетници, и за лицата со посебни потреби.
‘
– „ Со тој настан ги поместивме сите бариери и покажавме дека можеме сите заедно да придонесеме за вклучување на лицата со попреченост во сите сегменти од животот. Покажавме дека со наша помош придобивките од тоа што ни нуди планината може да ги користат сите“ – изјавија организаторите од ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија.
Симболично настанот бешеодржан во неделата , во пресрет на Меѓународниот ден на планината 11 декември.
Фото: ЗПСК „Кожуф“