На секое дете му треба семејсто, топлина во домот, поврзаност, прегратка, сигурност, стабилност.
Згрижување на деца кои немаат родители е можно и во вонсемејни заедници, т.е. семејства кои ќе ја превземат грижата за детето без родител во рамките на своето семејство.
Новите мајки згрижувачки, се со огромна поддршка на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, при СОС „Детско село“ имаат институционална поддршка во својата хумана мисија, па така од хуманитарки стануваат незаборавни по искажаната грижа како мајка над згриженото дете. Тие поврзаности се неизбришливи во нивниот живот, за правилен психофизички развој, самоизградување и напредок во животот.
Кога алтруизмот и подадената рака за растење на дете без родители во семејство има име – тоа е СОС „Детско село“ и Центарот за поддршка на згрижувачките семејства на децата без родители.
– „Згрижување во згрижувачки семејства е социјална услуга за вонсемејна заштита која обезбедува заштита и 24 часовна грижа на деца и возрасни лица кои немаат свои биолошки семејства, или пак немаат услови за живот во рамки на своите биолошки семејства. Згрижувањето во згрижувачки семејства ги обезбедува сите потреби на детето: храна облека, здравствена грижа, воспитание и образование се’ со цел создавање на здрави продуктивни личности со правилен емоционален развој“ – вели Ана Панчева, раководител на Центарот за згрижувачки семејства „11 Октомври“.
Видеото кое го споделуваме за згрижувачките семејства, зборуваат новите мајќи згрижувачки, претставници од големата „крошна“ на поддршка што ја дава СОС „Детско село“.
Секој поединец, или семејство кој сака својата љубов и грижа да ја посвети на дете, деца без родителска грижа прво поминува обука за да ја разберат целта на згрижувањето, потребите на детето и обврските на згрижувачкото семејство. Се разбира тоа е емпатија кон децата, но обуката помага за подобра психолошка подготовка и запознавање на потребите на детето во неговите различни возрасти.
– „Ние заедно со згрижувачите менуваме живот!“ – во кратко сиже социјланиот работник и семеен советник Јагода Насковска ја објаснува улогата на обучувачите на згрижувачките семејства. Таа е постар стручен соработник за спроведување проценка и обука на згрижувачи.
На децата им требаме сега – ПОДАЈ РАКА, ПРОМЕНИ ЖИВОТ, СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!
Информации на тел: 075-277-477 или www.zgrizuvanje.mk