Традиционално и годинава празничното патешествие на Дедо Мраз ќе помине и низ Гевгелија, на радост на многу дечиња, за насмевки на многу родители кои ќе ги придружуваат на оваа некому прва, некому долго очекувана средба со Дедо Мраз.
Белобрадиот старец кој носи подароци, се расфрла со бомбончиња, се смее на сите, подвикнува со задоволство „Хо, хо, хоооо… колку деца ќе усреќам денеска“ ќе пристигне во Гевгелија во 12 часот, во четврток, 28 декември.
Ваква радосна глетка не поминува така кратко, ќе има и забава, и песна со изведувачи од „Калинка“, и танцувачки точки со денс групата „Мистик“, и детска претстава.
Организатор на настанот како и секоја година е Пионерскиот дом од Гевгелија, во програмскиот дел се придружува и Дом на култура Гевгелија, а помагател на настанот е Општина Гевгелија која што за овој настан одвоила финансиска поддршка во редовните активности на Пионерскиот дом и средбите со Дедо Мраз.
Пораките на Дедо Мраз, настапот на солистите и детскиот хор на „Калинка“, како и танцовите точки на „Мистик денс“ ќе се изедат цо центарот н Гевгелија, т.н.плоштад „Фонтана“. Програмата продолжува со детската претстава „Шарена приказна“ во изведба на Драмската секција за деца при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, под менторство на Катица Џишева Дупарова. Претставата ќе започне во 14:00 часот, во Народниот театар- Гевгелија.
Бидете дел од детската радост со Дедо Мраз !