Од 1 февруари граѓаните на Гевгелија и посетителите на централното градско подрачје ќе имаат уште една обврска – ДА ПЛАТАТ ПАРКИНГ во вредност од 30 денари за 1 час.
Оваа одлука ја донесе Советот на општина Гевгелија на предлог на градоначчалникто Сарамандов, а се подготвуваше некомку месеци електронскиот систем за наплата на паркинг услугата.
Наместо сите дефинирани паркинг зони во градот, сефтето за наплта ќе го има само строгиот ценѕтар на Гевгелија, означен во Одлуката за зонско паркирање со Зона А-1 и зона А-2.
За зона А-1 тоа се улиците:
– ул.”7 Ноември” од “Амамот” до крстосница со “Маршал Тито” и “Димитар Влахов”,
– ул. “Димитар Влахов” до крстосница со “Јосиф Јосифовски” и “Ристо Фршинин” и
– ул. “Маршал Тито” од крстосница со “Ѓорѓи Велков” до крстосница со “7 Ноември” и “Димитар Влахов”.
Во подрачјето на подзоната А2 се опфатени улиците:
– ул.”Гевгелиски партизански одреди” (освен паркинг пред СОУ “Ј.Јосифовски”) и
– ул.”Маршал Тито” – од Библиотеката до крстосницата со ул. “Таља Бикова” и “Мирче Ацев”.
Ова денеска го објави ЈПКД „Комуналец“ кој ќе стопанисува со паркинг просторот во градот кој со одлуката за наплата на зонско паркирање ќе приходува од јавниот простор што ќе го користат граѓаните за паркирање на своите возила.
Зоната А-1 и А-2 имаат вкупно 137 паркинг места на располагање за граѓаните. За таксистите има на располагање само 15 паркинг места и 6 паркинг места за инвалидизирани лица. Веќе ги знаете и постоечките 2 паркинг места за возила со електрично напојување.
Другите граѓани, над 160 паркинг места од предвиденото во строгиот центар на градот за да не кружат до бесцел за да најдете слободно паркинг место, можеби ќе одберат да користат велосипед, или пеш да се упатат до градот.
Тие што ќе го сефтосаат паркиг просторот со наплата треба да одвојат 30 денари на час, за максимално дозволеното време за паркинг од 120 минути да плата 60 денари, а после фајрон, или канџа, па чекајте казна за пречекорено време за паркирање..
Наплатата може да се изврши:
– со СМС порака;
– со платежна картичка преку скениран QR код;
– со купен едночасовен и двочасовен паркинг билет од овластените продавачи.
– врз основа на кориснички договор за повластена паркинг карта.
Алинеата три од начинот на напата упатува дека ќе има лица- овластени продавачи на паркинг билети, што значи ново вработување во ЈПКД „Комуналец“ за услугата паркинг да се „доближи“ до граѓаните.
Први февруари стартува ЗОНСКО – во месецот со еден ден плус во Новата 2024 година, гевгеличани ќе добијат секој ден освен недела нова обврска за плаќање за користење на јавен паркинг со кој ќе стопанисува ЈПКД „Комуналец“ во име на Општината.
GevgelijaNET информираше за воведување на зонското паркирање и носењето на ценовник за користење на јавен паркинг простор, уште во октомври 2023. Три месеци траеше подготвителната фаза за изградба на систем за наплата од граѓаните. За една недела граѓаните ќе го испробат системот и ќе му станат должници цела година и понатаму …
Зонско паркирање во Гевгелија – ЦЕНОВНИКОТ пред Советот на Опш.Гевгелија
Во декември Советот донесе измени на Одлуката за зонско паркирање во кое се ослободуват од давачките за паркинг станарите од станбени згради за првото патничко возило и за имателите на возило со електричен погон.