Првото официјално меѓународно учество на поголема група атлетичари од Гевгелија, членови на АК „7-ми Ноември“ за оваа година, ќе се случи следниот месец, на 3 март на патекита на грчкиот град Катерини.
Ова е речиси традиционално учество на гевгелиските атлетичари на овој меѓународен атлетски настан. Минатата година учествуваа 50 членови, а годинава поради проблемот со патните исправи за некои од спортистите, на трката ќе можат учество да земат околу 30-на гевгелиски атлетичари.
Достапни се три дисциплини:
– трка на 21,1 километар (полумаратон);
– трка на 5 километри (градска трка) и
– трка на 1 километар (детска трка).
Членовите на АК „7ми Ноемрви“ ќе земат учество во сите три трки, по свој избор и по возраст.
Стартот е од центарот на Катерини од Плоштадот на слободата. Сите категории на трки се трчат по определена кружна патека, а полумаратонската ја има привилегијата да поминува покрај самото крајбрежје на Олимписката регија спуштајќи се до Олимпик Бич преку Паралија назад до стартната точка која за крајот ќе биде финиш-цел, а тоа е „Плоштадот на слободата“ во Катерини.
Детската трка со дистанца од 1 км ќе го заобиколува плоштадот.
Са ваков опис на трките кои ни’ го проследија од АК „7ми Ноември“ како учесници на трките, ќе Ве фати мерак да бидете таму, па макар и како турист да ги бодрите нашите тркачи, да им аплаудирате додека ги вложуваат последните сили пред целта и посакуваните победи. Настанот е оваа недела, за спортистите спортски ден, за туристите може да биде спортски викенд и да „навиваме за Македонија и Гевгелија“!
До сега учество на трките „Katerini Run 2024“ во Грција пријавиле следните гевгелиски атлетичари:
- За полумаратон 21,1 км: Прошевски Дарко, Ристов Драган, Темелковски Благојче, Петков Живко, Арнаудов Кимо, Арнаудов Дарко и Арнаудов Ангел, (7-мина учесници на полумаратонот);
- за трка од 5 км: Костадинов Николчо, Мичев Никола, Мичева Викторија, Толов Александар, Котев Ристо, Узунов Борче, Стоева Натка, Пешиќ Бобан, Граматиков Теодор, Анчев Тодор, Петкова Александра, Петкова Борјана, Чучанов Ѓорге, Ангов Димитар, Шаренкова Ангела, Лешев Петар, Ангов Андон (17 учесници за 5 км трката);
- за детската трка од 1 км: Ангов Максим, Петков Матеј и Лешев Митко, (3ца учесници за трка од 1 км).
Спортскиот настан „Katerini Run“ се одржува од 2020 година, веќе 5-та година по ред и годинава има свој мал јубилеј.
Катерини, местото на спортскиот настан „Katerini Run 2024“ е оддалечено 100 километри од Гевгелија, па поаѓањето е предвидено најмалку 4 часа пред почетокот на трките, кои се предвидени првата со старт во 09 часот, а после еден час втората, па детската трка.
Организатор на настанот е атлетскиот клуб „Зевс“ од Катерини кој е побратимен клуб со АК „7ми Ноември“ од Гевгелија.
Лесни нозе и СРЕЌНО гевгеличани !