вторник, 1, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

МВР: Шест Кривични пријави за жители од опш.Валандово и општ.Струмица

СВР Струмица ги терети за кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ за дело „попречување на правдата“ и за „помагање“ во врска со кривично дело казниво по КЗ

март 8, 2024
in ФОКУС
МВР: Шест Кривични пријави за жители од опш.Валандово и општ.Струмица
0
SHARES
1.3k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против:
– Ѓ.И.(55) од Валандово,
– И.Д.(50) од село Собри, валандовско,
– К.М.(51) од село Удово, валандовско, тројцата вработени во Шумска полиција Валандово,
– Ј.И.(55) од село Брајковци, валандовско и
– Д.Д.(38) од Валандово, двајцата вработени во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница „Саланџак“ Валандово и
– Т.Џ.(57) од село Костурино, струмичко.

Пријавените Ѓ.И., Ј.И., И.Д. и Д.Д. се сомничат дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и „попречување на правдата“ по чл.368 -а, пријавениот К.М. дека сторил кривично дело „попречување на правдата“ по чл.368 – а, а пријавениот Т.Џ. дека сторил кривично дело „помагање“ во врска со кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Related posts

Tрет инклузивен марш на Кожуф

Tрет инклузивен марш на Кожуф

јуни 29, 2025
Четврти ден блокада на Кожуф против изградба на хидроелектрани на Дошница

Четврти ден блокада на Кожуф против изградба на хидроелектрани на Дошница

јуни 29, 2025

На 29.02.2024 на патот од село Орманли кон село Костурино, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица затекнале трактор со приколка на која имало натоварено нежигосани огревни дрва, кој го управувал И.Д. од село Собри, а пред него во пaтничко возило на Шумска полиција биле затекнати пријавените Ѓ.И., Ј.И., Д.Д. и сопственикот на тракторот Т.Џ..
Притоа, од лицата била побарана соодветна документација за дрвата кои ги превезуваат, нa што од Ѓ.И., И.Д. и Ј.И. им било одговорено дека немаат документација и дека ги пронашле во запуштена куќа на планината.
До доаѓањето на увидната екипа на местото, пријавените Ѓ.И., И.Д. и Ј.И. изготвиле потврда за привремено одземени предмети без број и датум, а во описот напишале дека дрвата биле одземени од непознат сторител. Тие изготвиле и записник без број и датум.

По преземени мерки и активности било утврдено дека пред да бидат затекнати од полициските службеници, пријавените Ѓ.И., И.Д., Ј.И. и Д.Д. со возилото на Шумска полиција, а пријавениот Т.Џ. со трактор отишле во двор на жител на село Орманли, каде затекнале бесправно исечени огревни дрва, кои ги одзеле и натовариле на тракторот, без притоа на лицето да му издадат соодветна документација. Во разговорот со жителот на село Орманли, тој појаснил дека во последната година на ист начин од дворното место во три наврати му биле одземани огревни дрва од вработени во Шумска полиција и за тие случаи, исто така, не му издавале документ за одземање, со изговор дека не му даваат документи бидејќи нема да му напишат казна.

Истиот ден, тракторот бил однесен во шумски склад во Струмица, дрвата биле растоварени, а во моментот кога лицата биле информирале дека тракторот ќе биде одземен, пријавените Ѓ.И., Д.Д., Ј.И., Д.И. и М.К. агресивно се однесувале кон полициските службеници и ги попречувале во извршување на дејствијата.

За сите преземени дејствија бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на настаните против лицата е поднесена кривичната пријава.

ShareTweetShareSend
Previous Post

ЧЕСТИТ 8-ми МАРТ !

Next Post

ПРИЈАВУВАЊЕ на штетите од вчерашното невреме со врнежи од град

Next Post
ПРИЈАВУВАЊЕ на штетите од вчерашното невреме со врнежи од град

ПРИЈАВУВАЊЕ на штетите од вчерашното невреме со врнежи од град

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Празнична песна од К-15 „Новогодишна поопштонародна“

ВИДЕО: Празнична песна од К-15 „Новогодишна поопштонародна“

6 месеци ago
Планински Меморијал за д-р Петков по 6-ти пат

Планински Меморијал за д-р Петков по 6-ти пат

1 година ago
Времето денеска, спремно за уживање!

Времето денеска, спремно за уживање!

9 месеци ago
Гевгелискиот тенисер Александар Груиќ стана Вицешампион на „Tennis Europe U14“

Гевгелискиот тенисер Александар Груиќ стана Вицешампион на „Tennis Europe U14“

9 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија
  • Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“
  • Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025
Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

јуни 30, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist