Двегодишното девојче Данка Илиќ е исчезнато на 26 март во околината на Бор во источна Србија.
За прв пат е активиран системот „Најди ме“ (Amber Alert) со кој јавноста итно се информира за исчезнување на дете.
Девојчето, како што се наведува во соопштението на системот, исчезнало во приградската населба Бањско Поле кај Бор.
Полицијата со кучиња е на терен, како и пожарникари-спасувачи, припадници на Планинарската спасувачка служба, јави Радио телевизија на Србија (РТС).
Во потрагата по девојчето се користат и дронови со термо камери.
Девојчето исчезнало околу 13 часот на непристапен терен, обраснат со густа шума, јавува РТС.
Српското МВР ја соопшти следната информација за исчезнатото девојче:
– „Двегодишното девојче Данка Илиќ исчезна денеска околу 13 часот и 45 минути во населбата Бањско Поље, ул. Војводе Радомир Путник бр. 19, град Бор. Има кафена коса, кафени очи, висина околу 85 см. Во моментот на нејзиното исчезнување таа носеше маслинесто зелена јакна, виолетови панталони и црни патики“.
„Доколку имате некаква информација, веднаш повикајте полиција на 192“, апелираат од МВР до сите граѓани.
Системот „Amber Alert“, кој постои во повеќе земји, е наменет за итно јавно известување во случај на исчезнување на дете.
Тој овозможува брза дистрибуција на информации до сите граѓани, кога полицијата ќе оцени дека нивното објавување би придонело за пронаоѓање на детето.
Итното известување вклучува испраќање пораки за исчезнувањето со сите релевантни информации, со прекинување на ТВ и радио програми, испраќање СМС пораки до сите граѓани, прикажување на екраните на автопатите, аеродромите, железничките и автобуските станици.
Јавен АПЕЛ да се помогне Данка да се врати дома.