понеделник, 19, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Фамилија Костадинови од Гевгелија освои ПРВО место на трка во Кочани

Одлични резултати за тимот од 19 учесници атлетичари од АК „7 Ноември“ Гевгелија на сите три трки во Кочани на третата традиционална „Хуманитaрна Ротари Трка 2024“

април 14, 2024
in СПОРТ
Фамилија Костадинови од Гевгелија освои ПРВО место на трка во Кочани
0
SHARES
470
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Со време од 10 минути истрчана траса од 2,5 километри низ улиците на Кочани денеска трочлениот семеен состав на Костадинови освоија ПРВО место на „Хуманитaрна Ротари Трка 2024 во Кочани“.
Најдоброто време го диктираше возрасниот член Николчо Костадинов. Семејната победа ја делат и децата Клара и Живко. 

На традиционалната трета по ред „Хуманитaрна Ротари Трка 2024“ во Кочани денеска настапија 19 членови на Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“ од Гевгелија на сите три трки: на 10 километри, на 5км и на семејната трка од 2,5 километри должинска траса. Се трчаше низ кочанските улици, кружна делница од 2,5 км која се повторуваше 2 пати за трката од 5 км, односно четири пати за трката од 10 км.

Вака беше на стартот:

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2024/04/435564637_25266133213002688_7513615526156212336_n.mp4

На трката од 5 км најдобро време од женските натпреварувачки од Гевгелија оствари 38 годишната Натка Стоева (1984) со освоено 16-то место во севкупна конкуренција за жени и време од 30:43 минути.

Побрз беше Влатко Семенаков кој на оваа трка од 5 км завзеде 7-мо место во севкупна конкуренција за мажи со време од 18:58 минути, што е за минутка послабо од победникот, член на АК „Делта“.

Related posts

Aна, Томче и Божидар од Гевгелија победници на трката „Децата под Исарот“

Aна, Томче и Божидар од Гевгелија победници на трката „Децата под Исарот“

мај 18, 2025
РК „Алкалоид“ со историска победа среде Атина

РК „Алкалоид“ со историска победа среде Атина

мај 18, 2025

Следуваат резултатите од гевгелиските атлетичари учесници на трката од 5 км: Валентин Михајловски (19:55), Насе Епов (20:39), Никола Ковачев (23:02), Андон Дучков (23:23), Васко Проданов (26:44), Кристијан Просевски (30:41).

Членови на АК „7 Ноември“ на Ротари трка во Кочани

Трката од 10 километри и постигнатото време од 53:55 минути и’ донесе на Валентина Узунова 6-то место во севкупна конкуренција жени. Инаку, Валентина беше најстариот учесник на трката со своите 58 години и единствен победник во својата конкуренција (жени 55+). Победничка на оваа траса беше најмладата атлетичарка која истрча на 10 км во Кочани Теа Божиновска (родена 2003 г. ) и истрча за време од 41:58. Валентина претрка девојќи родени од 1987 до 2000 година.

Кај мажите најдобро време имаше Дарко Прошевски од (45:57 мин.) и тоа му донесе 14-то место во севкупна машка конкуренција.

Следуваат резултатите на останатите учесници од Гевгелија на трката од 10 км: Благојче Темелковски (53:00 мин), Зоран Иванов (53:52), Мики Петровски (53:54), Димче Адреев (58:07), Борче Крстовски Илијоски (58:47), Орце Цветков (1:02:44).

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2024/04/435741330_7232746596836728_8821606530308990366_n.mp4

Се трчаше по топло време кое дополнително го отежнуваше напорот на атлетичарите, па низ улиците атмосферата  се разладуваше со млазеви вода од страна на пожарникарите со цистерна на ТППЕ Кочани.

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2024/04/435791743_7691408804213865_5983352003987037391_n.mp4

Убав спортски ден, убави достигнувања на Гевгелиските атлетичари.
Има честитаме на сите за спортскиот напор, издржливост и достојно претставување на атлетскиот клуб од Гевгелија.

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Беседа на отец Љупче Миланов

Next Post

Исказ на пациент на кој му е директно помогнато од Д-р Венко Филипче

Next Post
Исказ на пациент на кој му е директно помогнато од Д-р Венко Филипче

Исказ на пациент на кој му е директно помогнато од Д-р Венко Филипче

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Лишени од слобода двајца Гевгеличани

Лишени од слобода двајца Гевгеличани

10 месеци ago
ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!

ИЈЗ: Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба!

2 години ago
Подароци и вредносен ваучер за првото новороденче во 2023 од општина Гевгелија

Подароци и вредносен ваучер за првото новороденче во 2023 од општина Гевгелија

2 години ago
Валентина Узунова – 5та на „Krushevo Trail Challenge“

Валентина Узунова – 5та на „Krushevo Trail Challenge“

11 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители
  • Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец
  • Aна, Томче и Божидар од Гевгелија победници на трката „Децата под Исарот“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

мај 19, 2025
Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

мај 19, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist