Утринава, на 25 минути од почетокот на овој ден возачи од Гевгелија и Струмица со своите патнички моторни возила биле учесници во тешка сообраќајна несреќа
Денес, петок, 26.04.2024 околу 00:25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа.
Учесници во сообраќајката се патничко моторно возило „Голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Т.(31) од Гевгелија и патничко моторно возило „Пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(30) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила струмичанката С.Д., а со телесни повреди се здобил гевгеличанецот К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.