Последниот ден од април бил непријатен и со лишување од слобода за млад жител на с.Стојаково, богданско.
Во вторникот, на 30.04.2024 во 16:10 часот во село Стојаково, општина Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода В.К.(30) жител на село Стојаково. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.