Граѓаните денеска гласаат за претседател на државата и за пратеници во Собранието.
Во Македонија право на глас имаат 1 814 317 гласачи, за да може да се избере шеф на државата потребно е исполнување на цензусот од 40 отсто односно за претседател да гласаат најмалку 727.727 гласачи а победник е оној кој ќе освои мнозинство гласови односно 50 проценти плус еден глас.
Во Гевгелија од 07 до 11 часот своето гласачко право го искористиле 3.394 граѓани за избор на претседател на државата, или 18,12%.
Во текот на вчерашниот ден гласаа и 241 болни и немоќни лица (од 249 пријавени да гласаат дома поради својата здравствена состојба) и 44 затвореници (од 53 лица кои се на издржување казна затвор во КПУ „Затвор“ Гевгелија).
За избор на пратеници во Собранието во Гевгелија право на глас имаат 18.745 граѓани и од нив до 11 часот своето гласачко право го искористиле 3.398 граѓани, или 18,13%
Во општина Дојран има излезност од 18,26%, во Богданци 15,89%.
Македонија го избира 11-от парламентарен состав на народни претставници во Собранието на РСМ и идниот Претседател на државата.