Викендов во Сараево на локација од Центар „Скендерија“ се одржа Дипломатски базар на кој учествуваа излагачи од цел балкан, на народности кои живеат во Босна и Херцеговина.
Тука се најде богатиот штанд на изложувачите од Македонија, а меѓу нив и гевгелискиот производител на земјоделски преработки „Ди-Ем“ од Негорци, Гевгелија.
Вкусот на Македонија го збогатија и производите на „Тиквеш“; Алкалоид“, „Винчини“, „Прилепска пиварница“, „Грозд“, „Лакталис, „Гурмано““ и „Камник“.
Тоа беше примамлива презентација на македонските производи, но и на нашата држава во организација на Амбасадата на РСМ во Босна и Херцеговина и припадниците на македонската дијаспора.
Со донации за богатството на штадот помогнаа и тамошните нашинци со своите продукти: слаткарница „Стела“, ресторан „Венера“, бурекџилница „Фреш“, ќебапчилница Жељо сите со свои бизниси во Сараево.
Фото: Е.Н.Н.