На 14.09.2025 околу 18:05 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на локалниот пат од с.Богородица, гевгелиско, кон регионалниот пат 1109, 37-годишниот С.Ф. од Гевгелија, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Саше Франгов и пренесен е во Општа болница Гевгелија, каде што во 19:22 часот починал.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Гевгелија.

За загубата на животот на младиот гевгеличанец вчера на социјалните мрежи објави посвета Мото клубот „Ретки птици“ од Гевгелија кој со изрази на сочувство се прости од својот долгогодишен член, бајкер, Саше Франгов.
Денеска се огласи и Мото Федерацијата на Македонија со следново соопштение:
„Со длабоко жалење и голема тага Ве известуваме дека нашиот драг другар Саше Франгов од Гевгелија ненадејно почина вчера.
Изразуваме сочувство до фамилијата и Мото клубот Ретки птици МК од Гевгелија за оваа голема загуба за прерано згаснатиот живот на нашиот брат.
Нека му е светол и отворен Небесниот пат, а ние вечно ќе се сеќаваме на него- објави Мото Федерацијата на Македонија.
Телото ќе биде изложено утре (16.09.2025 година) во Градската капела во Гевгелија во 11 часот, додека погребот ќе биде извршен во 12 часот на Градските гробишта во Гевгелија.



















