Меѓу илјадниците учесници на годинашното издание на „November Run“ имаше големи и мали, спортисти и аматери, деца и лица со попречености, но сите заедно испишаа своја спортска историја во ноемврискиот спортски спектакл во Гевгелија.
Најмалите херои на трасата рамо до рамо со големите, со сениорите, беа 8 годишните атлетски сили на АК „7 Ноември“ Гевгелија: Филип Младеновски, Мелани Вацев и Матеј Петков. Сите се родени 2018 година, сите имаат по 8 години, сите се членови на „Школата за атлетика“ при гевгелискиот атлетски клуб, а годинава покрај учеството на детските трки истрчаа и на трасата од 5 километри меѓу сениорите мажи, жени, атлетски рекордери од светот.
Без страв, без трема, насмеани, бидејќи трчат во својот град, осум годишните атлетичари во подем од Гевгелија истрчаа рамо до рамо со големите и ги постигнаа овие резултати:
1. ФИЛИП МЛАДЕНОВСКИ – роден 2018 – MKD – време 25:33 минути – освоено 157 место во севкупна конкуренција од 408 учесници
2. МЕЛАНИ ВАЦЕВ – родена 2018 – MKD – време 35:49 мин. – 175 место
3. МАТЕЈ ПЕТКОВ – роден 2018 – MKD – време 29:04 минути, пласман на 240 место.






Што да кажеме освен ГОЛЕМО БРАВО за овие деца!


















