Спортската редакција на GevgelijaNET сумирајќи ги постигнатите резултати на спортистите од Гевгелија и југот направи избор на НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ, клубови и поединци, по однос на нивните спортски достигнувања во текот на изминатата 2025 година и донесе одлука на лауреатите да им биде доделена ПЛАКЕТА за високи спортски достигнувања во следните категории:
1. СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА за 2025 е ДИМИТАР МАЏУНКОВ – ДРЖАВНИОТ ШАМПИОН во мотокрос во класата МХ од Генералниот пласман на Мото Крос трките од Македонскиот шампионат за 2025 година.
2. Најдобар спортист во категорија 40+ за 2025 година е ВЛАТКО СЕМЕНАКОВ – ВИЦЕШАМПИОН на Балканско првенство во атлетика одржано во Вараждин, Хрватска, член на штафетниот победнички тим на Скопскиот Маратон 2025, освојувач на атлетски подиуми во Македонија, Гевгелија, Грција.
3. Најуспешна спортска репрезентативка – ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА – прва жена од Југот на Светското првенство во планинарско трчање „Masters Skyrunning World Champs“. Првата спортистка по планинарско трчање од Богданци, член на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија, стана дел од репрезентацијата на Македонија во Skyrunning и овде го освои високото трето место.
4. Спортско откритие за 2025 година – младиот талентиран фудбалер ЈОВАН НАСЕВ (8 години) – носител на 12 трофеи за МВП на одиграни 12 турнири во „Детската лига“ во Грција.
5. Спортски новитет за 2025 година – на Спортскиот клуб за слепи и слабовидни лица „АУРОРА“ од Гевгелија за организирањето на првиот турнир во „Goalball” во Македонија, во Гевгелија.
6. Спортски талент во подем од девојчињата – АНА БЕГОВА – Иднината на македонската атлетика
Таа со своите 11 години рамо до рамо со спортските сениори, атлети и ветерани истрча 8-мо време на „Скопскиот маратон“ на трката од 5 километри, претркувајќи 4600-ни повозрасни и поискусни спортисти од неа.
7. Младински спортски талент во подем – АНТОНИО КАРАКАБАКОВ – ДРЖАВЕН ПРВАК на 800 и 1.500 метри, ученик од Стојаково, поранешен член на АК „7 Ноември“ Гевгелија, сегашен член на АК „Аеродром“ од Скопје и надеж на македонската атлетика.
8. Плакета за најдобриот пара-атлетичар во Македонија – НИКОЛА ПЕЕВ, член на Македонскиот параолимписки тим, кој освои две медали (златна и бронзена) на последно одржаниот Меѓународен пара-атлетски митинг „Загреб Опен 2025“ одржан во Хрватска.
Никола е првак и вицешампион 9 години по ред во атлетски повеќебој на Републичките спортски игри за лица со телесен инвалидитет, член е на ЗГ на ЛТИ „Мобилност“ Гевгелија.
9. Најдобра Спортска школа за 2025 – ШКОЛА ЗА АТЛЕТИКА“ на АК „7 Ноември“ Гевгелија раководена од спортските работници, професори, и самите спортисти Влатко Семенаков и Тоше Анчев, за бројните подиуми и трофеи што ги освојуват учениците на школата на натпревари во Македонија, Грција, Србија и Балканот.
10. ПЛАКЕТА за Најмалиот спортски планинар – 7 годишниот ЈОВАН МАНДАЛОВ, член на ЗПСК “Кожуф” Гевгелија за искачените сите врвови на гевгелиската планинска убавица Кожуф и 4 врвови над 2000 метри во Македонија, вклучително и Кораб, највисокиот врв во Македонија (2.764 мнв).
Плакетите на спортските добитници ќе им ги додели GevgelijaNET на посебен медиумски настан и интервју со секој од добитниците, спортските првенци на Гевгелија и Југот.
Честитки за сите добитници!




















