Утрово, ден среда, на 12.08.2026 година во 04:08 часот во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода И.Р.(42) од село Богородица.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Цитроен“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршеното мерење со дрегер е утврдено дека возилото го управувал со 2,58 промили алкохол во организмот.
Возилото е одземено, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.


















