На годинашниот втор по ред Интернационален музички фестивал „Песните на Тоше“ настапија две ученички, членки на Здружението „Внимание“ од Гевгелија и освоија две вредни награди.
Јована Тасева од Богданци освои II награда, а Катарина Петрова од Гевгелија освои III награда во конкуренција на учесници од Македонија, Украина, Хрватска, Казахстан, Србија, воглавно уесници од европските земји каде што песните на Тоше нашле своја публика и негови симпатизери.
Петтоодделенката Јована пред публиката на Гала вечер ја испеа песната „По тебе“ и освои ВТОРА награда и медал за успешната интерпретација.
Десетгодишната Катарина е од Гевгелија е шесто одделение, и за свој избор од песните на Тоше ја одбра „Љубовен звук“. Освои ТРЕТА награда.
Ментор на двете претставнички од југот е професорката по музичко образование Маја Зафирова, претседател на ЗГ „Внимание“.
Изборот на најуспешните интерпретатори на Гала вечерта го вршеше жири составено од бендот на Тоше Проески, кои заедно со него настапуваа во неговата 10 годишна музичка кариера.
– „Овој настан ги слави безвременската музика и хуманоста на Тоше. Годинава настапија бројни млади пејачи од цела Европа кои ги пееја неговите песни. Желба ни’ е да продолжат да живеат песните на Тоше Проески и да ги пеат и новите генерации. Песните се пеат на јазикот на кој се снимени“, изјави организаторот Марјан Катароски.






















