Педесет и тригодишен жител на Богданци починал вчера во болница во Гевгелија откако се здобил со тешки телесни повреди во физичка пресметка во Стар Дојран.
МВР јавува за физички судир помеѓу двајца средновечни мажи кој завршил кобно по едниот, а другиот завршил во затвор.
На 01.11.2025 во 22:25 часот во село Сретеново, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Р.(55) од село Сретеново.
Претходно, во Стар Дојран настанала физичка пресметка помеѓу него и Н.Т.(53) од Богданци, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Гевгелија, каде подоцна починал.
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото на починатиот Н.Т. е дадено на обдукција.
Лицето В.Р. од с.Сретеново е задржано во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известуваат од МВР.


















