Рано утрово полициски службеници лишија од слобода млад богданчанец, а денес до ОЈО Гевгелија е доставена Кривична пријава против 32 годишен гевгеличанец. Ова е резимето од 24 часовните дејствија и законски поднесоци од ОВР Гевгелија.
На 01.10.2026 во 01:10 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 21-годишен жител на Богданци. Според пријавеното, тој на 30.09.2026 околу 21:00 часот во неговиот дом физички ја нападнал неговата 17-годишна девојка. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.П. (32) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 27.02.2026 во Гевгелија, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.
И по двата случаја надлежно за утврдување одговорност и законски последици по сторителот има ОЈО Гевгелија.



















