Ракометната федерација на Македонија (РФМ) вечерва на гала свеченост во Скопје ги прогласи најдобрите за минатата натпреварувачка сезона 2024/25, доделувајќи ги признанијата на 14 лауреати, меѓу нив и младиот гевгелиски ракометар Димитар Узунчев кој беше прогласен за „Најдобар млад ракометар“ во сезоната 2024/2025.
Димитар е десен бек и вистински ракометен динамит на теренот, член на младинската ракометна репрезентација на Македонија, поранешен играч на РК „Партизан“ од Гевгелија, а сега настапува во боите на „Бутел“ Скопје.
Димитар во јуни годинава ја понесе титулата „НАЈДОБАР МЛАД РАКОМЕТАР“ во „ALL STAR тимот“ на Македонија за сезоната 2024/2025.
Останатите лауреати кои добија признанија се величините на македонскиот ракомет:
најдобра ракометарка – Катерина Дамјаноска
најдобар ракометар – Филип Кузмановски
најдобар тренер мажи – Кирил Лазаров
најдобар тренер жени – Симе Симовски
најдобра млада ракометарка – Марија Јанкуловска
најдобар млад ракометар – Димитар Узунчев
најдобра ракометарка во Македонија од странство – Ана Вранчиќ
најдобар ракометар во Македонија од странство – Дмитро Горига
најдобар судиски пар – Славе Николов и Ѓорѓи Начевски
најдобар стрелец мажи – Давид Димевски
најдобар стрелец жени – Марија Анчева
најдобра ракометарка (социјални мрежи) – Теодора Гулицоска
најдобар ракометар (социјални мрежи) – Никола Митревски
награда за особен придонес (постхумно) – Илија Темелковски.

На свеченоста беше оддадена почит и со постхумно признание за особен придонес во ракометот на Илија Темелковски, кој почина на 13 октомври 2025 година. Наградата ја примија неговата сопруга Лидија Темелковска и неговите внуци. Беа доделени вкупно 14 награди.
Честитки за лауреатите и за нашиот Димитар кој на свои 20 години се најде на листата на ракометните великани на Македонија!





















