Пред една година во падот на настрешнцата во Нови Сад, каде загинаа 16 лица, го изгубивме и Васко Саздовски. Имаше 45 години, работеше во Институтот за рoботика во градот каде дојде до несреќата и во мигот тргнал кон дома, за викенд. И порано одвреме-навреме излегувало во јавноста прашањето што стана со оние кои ги издржуваше, им беше сопруг и татко – сопругата и двете деца? Никогаш немаше одговор. Останува прашањето отворено и денес.
– „Македонија синоќа изгуби. Една прекрасна жена и двајца алтани останаа можеби без еден од најпрекрасните сопрузи и татковци. Изгубија планините, останаа без голем заљубеник во ридовите, врвовите, камповите, изгуби тркачката дружина исклучителен пријател и спортист. Изгуби Свети Николе, можеби најголемиот научник што некогаш се родил во градот. Македонија изгуби, еднаш кога дозволи таков мозок како Васко да си замине од тука. И синоќа повторно. Овој пат неповратно“, ова е еден од постовите на Фејсбук во кој се опишува личноста на Васко Саздовски.
Васко имаше работно место на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Рече дека заминал од таму бидејќи не сакал да му пишува десетки некому кој не е ниту за шестка!
Да се сетиме на него денес, кога се одбележува годишнината од несреќата во Нови Сад. На денот кога паѓа и митровденската Задушница.
Фејсбук пост на новинарот Љубомир Костовски кој се потсетува на денешниот трагичен ден пред една година во Нови Сад кога со паѓањето на настрешницата на Железничката станица загинаа 16 лица, меѓу кои и македонецот Васко Саздовски, сопруг, татко, научник, информатичар, планинар, спортист, ПРИЈАТЕЛ!




















