Гевгеличанец кој се огрешил по законот вчера изутрина завршил во затвор, јавува МВР.
На 02.09.2026 во 10:00 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода С.С.(41) од Гевгелија.
Тој бил баран со потерница за издржување мерка притвор за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ по член 418-б од Кривичниот закон.
Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа „Затвор“ Скопје за издржување на мерката притвор.


















