На 19 годишнината од заминувањето на македонската и балканска музичка ѕвезда ТОШЕ Проески, 16 октомври, во Гевгелија ќе се одржи меморијален концерт со песните на ТОШЕ.
На сцената на Народниот театар во Гевгелија ќе настапи групата „90 Strings“ од Кочани. Тие го посветуваат тематски концертот на Тоше и на неговото музичко наследство создадено во текот на кратката, но богата и плодна музичка кариера која ја оствари Тоше кај нас и на Балканот.
Наместо да плачеме, ќе пееме со „90ty Strings“ на рефрените од песните на ТОШЕ!
Концертот ќе се одржи во петок, 16 октомври на 19 годишнината од заминувањето на Тоше. Картите се продаваат во просториите на Дом на култура Гевгелија, Народен Театар, цената им е 200 денари. Почеток на концертот е во 19:00 часот.
Ајде заедно да се сеќаваме на нашата непрежалена музичка легенда ТОШЕ, со гласот на гитарите и канонот на македонски поп-рок бенд „90ty Strings“. Да ги разбудиме ѕвездите и да упатиме силна порака за незаборав до нашиот ТОШЕ!



















